• сабота, 10 јануари 2026

Министерот Трипуновски во Кавадарци се сретна со претставници на земјоделски здруженија од државата 

Министерот Трипуновски во Кавадарци се сретна со претставници на земјоделски здруженија од државата 

Кавадарци, 10 јануари 2026 (МИА) - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски дрнеска во Кавадарци се сретна со претставници на земјоделски здруженија од државата. 

- Одржав работен состанок со претставници на околу 30-тина земјоделски здруженија, на кој разговаравме за предлог програмите за 2026 година. Дискутиравме за приоритетите и предизвиците со кои се соочува земјоделскиот сектор, напиша министерот на Фејсбук. 

Тој посочи дека на средбата претставниците на здруженијата ги изнеле своите гледишта и предлози. 

- Нивните предлози од страна на Министерството ќе бидат внимателно разгледани при креирањето на идните мерки и политики, што ќе одговорат на реалните потреби на земјоделците и ќе придонесат за развој на земјоделството, истакна Трипуновски. свд/дма/


Фото: Фејсбук страница на министерот Трипуновски

Остани поврзан